Ќе има ли повторно поскапување на струјата?

 Ќе има ли повторно поскапување на струјата?

Повторно поскапување на струјата се очекува во наредните денови.Лани струјата поскапе за 7,4% , а оваа година компаниите со ново барање за нови цени.

МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија“,  велат од Регулаторна комисија за енергетика. Компаниите ги  доставиле своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат.

Доколку Регулаторната комисија ги прифати нивните барања, ќе има поскапување на струјата за 5%. Тоа значи една сметка од 1000 денари, сега ќе биде поскапа за најмногу 50 денари.

Извор: https://faktor.mk/

 

Related post