Црвена Звезда ја освои петтата титула во АБА лигата

 Црвена Звезда ја освои петтата титула во АБА лигата

Црвена Звезда го победи Будуќност со 67:60 во мајсторката од плејофот на АБА лигата и петти пат го освои трофејот во регионалното кошаркарско натпреварување. Домаќините не пропуштија можност да стигнат до трета победа во серијата против црногорскиот состав, а заслужено стигнаа до неа откако водеа во текот на целиот натпревар. Предводени од расположениот Ноко, црвено-белите не дозволија Будуќноста да обезбеди драматична завршница и на тој начин стигнаа до петтата титула во последните шест години на АБА лигата. Ноко со 17 и Лојд со 15 поени беа најдобри поединци кај победникот, додека во редовите на Будуќност, Кобс реализираше 21 поен. Освојувањето на АБА лигата за Црвена Звезда значи и пласман во Евролигата следната сезона.

Related post