Трендот на доцнење со исплата на породилно боледување продолжува и оваа година

 Трендот на доцнење со исплата на породилно боледување продолжува и оваа година

До кога државата ќе си игра со животите на најмалите? Фондот за здравствено осигурување повторно ги остави без пари корисниците на боледување и породилно отсуство  Не навремената исплата ги држи во неизвесност многу семејства на кои најмногу им е потребна парична помош. По социјалните мрежи секојдневно има поплаки од мајки чие породилно отсутво скоро секој месец касни повеќе од 15 дена, а има и такви што и два месеци не земале исплата.

Граѓаните се бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат. Ги убива, велат, не само доцнењето, туку и неконзистетноста на исплатите, кои некогаш се исплаќаат на средина, некогаш на крај на месец, некогаш, пак, ги нема и по два месеца, па не можат ни да планираат кога би го имале следниот прилив.

Од ФЗОМ пак информираат дека исплатата не зависи од нив, туку дека работодавците се виновни затоа што не пуштиле навремени и точни документи. До кога топката ќе си ја префрлаат незнаеме, само прашање е како некои семејства ќе ги гледаат своите деца доколку немаат навремена парична помош? Што со оние семејства каде единствен приход моментално е породилната исплата?!

Не е првпат граѓаните да бидат оставени без основните средства. Последна исплата пред Нова година многу мајки не ја дочекаа и празниците ги славеа без пари. Сега повторно има доцнење и за Велигденските празници.

-” Чекам последна исплата на породилно за месец март, се јавив во ФЗОМ од каде што добив одговор, па чекајте последната исплата секогаш ја пуштаат покасно??? Колку е тоа покасно?? После еден месец? Два? – коментар на револвирана мајка на социјалните мрежи.

– Јас уште чекам сплата за месец февруари!- уште еден коментар на мајка којшто е напишан денес на неколку денови пред Велигден.

 

Related post