КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурата ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа утре и во петок ќе имаме претежно стабилно и суво време, но сепак не се исклучува можноста во попладневните часови да има појава на локален краткотраен слаб дожд. Нови врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота кои локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен, додека од петок истите повторно ќе бележат тенденција на пад.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски

Related post