Дали ќе има свадби, прослави и концерти од 1 јуни- Комисијата за заразни болести со нови протокли

 Дали ќе има свадби, прослави и концерти од 1 јуни- Комисијата за заразни болести со нови протокли

Здравствените власти  соопштија дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи, по што Комисијата за заразни болести до владиниот кризен штаб ќе достави предлог за олабавување на антиковид мерките.

Иако, вакцинацијата се одвива непречено,  се уште не сме ја достигнале онаа бројка на 500.000 пријавени за вакцинација. Во овој момент вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани. Треба многу повисок број да достигнеме до септември, па да можеме да очекуваме и помирна епидемиолошка слика и во есенските месеци.

Се очекува од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6. Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот. Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса,  додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила. Полицискиот час останува на сила.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Related post